„Роналдо нема никаква лојалност, ако може ќе потпише и со Ливерпул!“

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо сака ова лето да го напушти Манчестер јунајтед, главна причина е тоа
што „ѓаволите“ ќе играат во Лига Европа, Португалецот сака настап во Лигата на
шампиони и да продолжи да испишува историја во најелитното европско
натпреварување.

Неговиот агент
Жорж Мендеш го понуди на многу клубови, од ПСЖ па до Баерн Минхен, Челси,
Атлетико Мадрид и Наполи, но во моментов никој посериозно нема загризано.

Легендата на
Астон Вила, Габи Агбонлахор даде свое видување на ситуацијата и вели дека
Кристијано Роналдо нема никаква лојалност.

„Кристијано
Роналдо ако може ќе потпише и со Ливерпул! Тие се огромни ривали на Манчестер
јунајтед, но Роналдо секогаш се става самиот себе во прв план“
– вели Агбонлахор.

„Важно му е само
да игра во Лигата на шампиони, да продолжи да руши рекорди и да освојува титули.

„Мислам дека
Роналдо нема никаква лојалност кон Манчестер јунајтед, Реал Мадрид или пак
Јувентус“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани