Роналдо нема да се појави на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед

by
0 минути читање

Роналдо го известил Манчестер јунајтед дека поради семејни причини нема да биде дел од денешниот прв тренинг на тимот.

Клубот го прифатил неговото објаснување.

Во Манчестер јунајтед се свесни за незадоволството на Кристијано Роналдо од амбициите на клубот. Тој побара да замине, а тие инсистираат дека не е за продажба и дека е дел од проектот за следната сезона.

Во меѓувреме агентот на Роналдо, Жорж Мендеш му бара нов клуб на Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×