Роналдо не може сам, Лион го елиминираше Јувентус! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лион приреди изненадување и го елиминираше
Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони. „Лавовите“ благодарејќи на
гол во гости обезбедија настап на Ф8 турнирот во Португалија.

Избраниците на Руди Гарсија поведеоа во 12. минута
откако судијата покажа на белата точка по еден старт на Бернардески, кој имаше минимален контакт со противникот. Арбитарот сепак сметаше дека има елементи за
најстрога казна па Депај од пенал донесе 0-1.

Кон финишот на првиот дел, Кристијано Роналдо ги
врати домаќините во игра. Судијата прелесно покажа на белата точка за играње со
рака на Депај, а ЦР7 ја затресе мрежата за 1-1.

По еден час игра, Португалецот одново стапи на
сцена, со лева нога испрати проктил од врвот на шеснаесетникот и донесе 2-1.

Маурицио Сари потоа фрли се на една карта, во игра
влезе и недоволно опоравениот Дибала, „бјанконерите“ силно притиснаа, имаа неколку добри прилики од прекин но не го постигнаа толку посакуваниот
трет гол и беа елиминирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×