Роналдо најави дека се враќа во тимот на Манчестер јунајтед: Во недела ќе игра кралот!

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо не се пријави на стартот од подготовките за новата сезона, официјалното
соопштение беше дека Португалецот отсуствува поради семејни причино, но
медиумите силно шпекулираа дека напаѓачот сака да замине од Олд Трафорд.

ЦР7 во вторникот
се појави во тренинг центарот на „ѓаволите“, но во придружба на својот агент и
одново се пишуваше дека тој побарал да замине.

Кристијано
Роналдо не се најде во составот на Манчестер јунајтед за утрешниот пријателски
натпревар против Атлетико Мадрид, но се чини дека напаѓачот ќе игра против Рајо
Ваљекано и нашиот Столе Димитриевски еден ден подоцна.

Во коментар на социјалните
мрежи, Кристијано Роналдо порача: „Во недела ќе игра кралот!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани