Роналдо му порача на Реал Мадрид: Грижете се за Мбапе, тој ќе ви донесе многу радости!

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо го испофали Килијан Мбапе и рече дека ако тој бил во Реал Мадрид ќе го научел како да игра на позицијата централен напаѓач.

Роналдо е идол на Мбапе. Познати се сликите од детството на Французинот на кои се гледа како целата негова соба е излепена со постери од португалскиот ас. Почитта сега е обострана.

„Го сакам Килијан Мбапе, тој е голем фудбалер. Реал Мадрид, грижи се за него, тој ќе ви донесе многу радости“, вели Роналдо.

„Напаѓачката позиција малку ја комплицираше ситуацијата на Мбапе бидејќи тој не знае да игра како напаѓач. Не дека не знае, не така, туку тоа не е негова позиција“.

„Ако јас бев во Реал Мадрид ќе го научев како да игра како централен напаѓач. Бидејќи и јас не бев централен напаѓач, па потоа станав. Јас играв како крило, луѓето го забораваат тоа“.

„Од време на време го гледам Реал Мадрид бидејќи син ми Матео го сака Мбапе“.

„Грижете се за Мбапе, упатувам порака до фановите на Реал Мадрид. Грижете се за него, грижете се за овој млад човек бидејќи тој е многу добар играч и Реал Мадрид мора да го заштити“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани