Роналдо му кажал ДА на Наполи, Де Лаурентис прави отстапки како за никој друг, на потег е Мендеш

by
1 минути читање

Жорж Мендеш до четврток (на полноќ) има рок да му ја оствари желбата на Кристијано Роналдо за настап во Лигата на шампионите.

Медиумите од Англија пренесуваат дека повторно се опипува терен за трансфер во Челси, додека пак во Италија се говори за преселба на „Диего Армандо Марадона“.

Како што пренесува Кориере дела Сера, Кристијано Роналдо му кажал ДА на Наполи и сега Жорж Мендеш треба да ги склопи коцките.

Агентот треба да издејствува понуда од Манчестер јунајтед вредна 100 милиони евра за трансфер на Виктор Осимен (се говори дека Наполи бара 130 милиони евра), а како дел од зделката, Кристијано Роналдо треба да се пресели во Наполи на позајмица и „ѓаволите“ да плаќаат 80-85% од неговата плата од 24 милиони евра по сезона.

Исто така се говори дека Аурелио Де Лаурентис ќе направи отстапки за Кристијано Роналдо како за никој друг, и Наполи ќе се откаже од имиџ правата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×