„Роналдо мисли дека е поголем од клубот“

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед победи со 2-0, а Кристијано Роналдо наместо да остане до крајот од мечот и да прослави со фудбалерите, тој нервозно го напушти теренот и замина во соблекувалната на неколку минути пред крајот.

Однесувањето на Португалецот предизвика реакции, еден од фудбалските критичари кои го искоментираа беше Дени Милс.

„Тоа апсолутлно непочитување кон тимот, тренерот и фановите“, вели Милс.

„Тие водеа со 2-0, што може тој да се жали? Доколку губеа со 2-0, ќе беше во право“.

„Јасно е дека тој мисли дека е поголем од клубот. Тоа е себично однесување откако не беше ставен во игра“.

„Тој многу добро знае дека сите ќе го видат како оди накај соблекувалната, не може да се скорие“.

„Жал ми е за Јунајтед и Тен Хаг бидејќи сите ќе зборуваат за тоа што го направи Роналдо наместо за одличниот тимски перформанс против голем противник“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×