Се поизвесно е
дека Кристијано Роналдо ќе ја продолжи иднината во Саудиска Арабија, во
недостаток на понуди од клубовите од Европа, ЦР7 е подготвен да му каже ДА на Ал
Наср.
Како што
пренесува Марка, Кристијано Роналдо ќе стави потпис на долгогодишен договор и
ќе се обврзе кон Ал Наср до 2030. Тој ќе треба да игра фудбал две ипол години,
а пота ќе биде амбасадор и ќе помага Саудисака Арабија (заедно со Грција и
Египет) да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.
Што се однесува
до финансискиот дел од оваа зделка, претходно се пишуваше дека Кристијано
Роналдо ќе заработува 200 милиони евра по сезона, или 500 милиони евра за соработка до 30. јуни 2025 година.
Марка пак пишува
дека сумата од 200 милиони евра се однесува за две ипол години, односно
периодот кога Кристијано Роналдо ќе игра фудбал. Колку ќе заработи како
амбасадор е нејасно, но Марка додава дека платата сигурно ќе му се зголеми кога ќе стави крај на кариерта и ќе почне да ја промовира Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.