Роналдо ќе го тужи Јувентус

by
1 минути читање

Пауло Дибала ја повлече тужбата против Јувентус, но „Газета дело Спорт“ вели дека Кристијано Роналдо ќе почне правна постапка за да си ги наплати долговите од италијанскиот клуб.

Роналдо кој помина три години во Јувентус, поради финансиските проблеми во ковид пандемијата се согласил дел од платата да земе со одложување, но досега не си ги добил парите.

Се работи за сума од 19,9 милиони евра која Роналдо сега решил да си ја побара на суд.

Јувентус глава не може да крене од тужби од свои поранешни фудбалери, неодамна Бонучи рече дека го тужи клубот поради начинот на кој беше избркан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани