Роналдо кажа што е најважно да се освои „Златната топка“, Рибери му се изнасмеа: Значи така? (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

На денешната прес-конференција пред финалниот натпревар од Лигата на нации, Кристијано Роналдо не ја пропушти приликата да ја каже својата прогноза за тоа кој треба да ја добие Златната топка оваа година.

Според него, најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот треба да му припадне фудбалер кој ја освоил Лигата на шампионите, недвосмислено насочувајќи кон некој од играчите на Пари Сен Жермен од каде што најмногу се истакна Осман Дембеле. Со ваквата изјава Роналдо јасно стави до знаење и дека според него Јамал не треба да го освои ова признание.

Изјавата на Португалецот веднаш предизвика низа реакции на социјалните мрежи, а најгласен меѓу нив беше поранешниот француски репрезентативец Франк Рибери, кој преку Инстаграм саркастично потсети на спорната одлука од 2013 година. „Аха, значи мора да се освои ЛШ за да се добие Златната топка…“, напиша Рибери, придружено со неколку емотикони што се смеат до солзи.

Потсетување за помладите: во 2013 година, Рибери со Баерн Минхен ја освои тројната круна. домашна лига, куп и Лигата на шампионите, но сепак не беше награден со Златната топка. Наместо него, трофејот заврши кај Кристијано Роналдо, иако Португалецот таа сезона не освои ниту еден трофеј со Реал Мадрид. Единствен подвиг му беше статусот на најдобар стрелец во ЛШ со 12 гола, но неговиот тим беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Златната копачка, пак, заврши кај Лионел Меси.

Рибери во тој избор заврши дури трет, зад Меси и Роналдо, иако зад себе имаше историска сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани