Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо најавува дека „Старата дама“
има многу поголеми амбиции отколку што тоа изгледа за јавноста, тврдејќи дека
клубот од Торино работи на тоа да завладее во Италија, Европа, но и останатиот
дел од фудбалскиот свет.
„Како што полека
но сигурно се подготвувам за новата сезона, трета за мене во дресот на
Јувентус, така моите амбиции се повисоки од било кога, голови, победи,
посветеност, професионалност“ пишува Португалецот на социјалните мрежи.
„Со сета моја
сила и помошта од моите соиграчи, како и стручниот штаб на Јувентус, ние
повторно работиме на големиот проект за да ја освоиме Италија, Европа и светот!“
додаде тој.