По неуспехот на мундијалот во Катар, Фернандо Сантош и Португалија се разделија а Роберто Мартинез беше именуван за нов селектор.
„Атмосферата е навистина добра. Многу работи се променија“ – вели Кристијано Роналдо, кој и понатаму останува важен дел од репрезентацијата.
„Имаме тренер со поинакви идеи, со поинаков менталитет. Не велам дека во минатото имавме лоша атмосфера, едноставно сега има нешто ново. Трениравме само еднаш, но сите во репрезентацијата имаат поинаква енергија“.
„На пример, сите се надеваат дека ќе стартуваат утре, претходно никогаш не било така“.
Запрашан дали се уште има мотивација во дресот на Португалија, Кристијано Роналдо вели: „Среќен сум што можам да помогнам. Мојата улога е иста како во претходните 15-20 години. Мојата мотивација е иста. Ќе продолжам да доаѓам доколку сметаат на мене. Доколку тренерот смета дека сум од корист, ќе го дадам максимумот за Португалија да биде на врвот“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.