Роналдо има три понуди, следните месец дена клучни за иднината на Португалецот

by
2 минути читање

Новинарот Еду
Агире во емисијата Ел Чирингито откри нови детали за ситуацијата на Кристијано
Роналдо, за кого подолго време се
говори дека не е среќен во Мадрид и размислува за заминување од
Сантијаго Бернабеу.

Последните
информации велат дека на адреса на ЦР7 пристигнале три понуди од кои една е
многу сериозна и наскоро овој предлог ќе биде доставен и до лидерите на Реал
Мадрид.

Еду Агире вели
дека следните месец дена ќе бидат клучни за иднината на Кристијано Роналдо.

Првата ѕвезда на
„Кралевите“ бара што поскоро да добие нов договор и плата која ќе биде во
согласност со неговиот статус на најдобар фудбалер во светот, односно да
заработува колку Нејмар и Меси.

Флорентино Перез
преферира да седне на маса со Кристијано Роналдо по крајот на сезоната, но Португалецот уште сега сака да се расчисти неговата иднина или во спротивно ќе замине.

„Преговорите за
нов договор се стопирани, Кристијано чека Реал Мадрид да направи потег и да му
ја понуди сумата која треба да ја заработува
– вели Агире.

„Тој има три
понуди, од кои една е многу сериозна и во следните денови би можела да
пристигне и во канцелариите на Бернабеу. Следните месец дена ќе бидат клучни за
иднината на Роналдо. Доколку Реал Мадрид не стори ништо, ќе биде мноту тешко
Кристијано да остане
.

Останува да се види дали има вистина во ваквите стории, или пак ова е само тактика на Жорж Мендеш за да го притисне Реал Мадрид што поскоро да му даде нов богат договор на неговиот клиент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани