Роналдо е на клупата на Јунајтед за мечот со Лестер, Португалецот дефинитивно останува

by
1 минути читање

Една од енигмите на последниот ден од преодниот рок беше дали Кристијано Роналдо ќе направи трансфер во последен момент. Одговорот е: не.

Информациите претходно велеа дека неговиот агент Жорж Мендеш до последен момент ќе се обидува да го однесе во тим кој настапува во Лигата на шампионите, но очигледно тоа не се случи.

Кристијано Роналдо е во составот на Манчестер јунајтед за вечерашниот дуел со Лестер, не е стартер и овојпат, ќе седи на клупата за резервни играчи.

Тоа значи дека Португалецот не потпишува со друг клуб во последните часови од преодниот рок, ќе остане во Манчестер јунајтед.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×