Роналдо е на чекор до голем рекорд, денеска може да го урне!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо денеска ќе има нова можност да испише историја со репрезентацијата на Португалија. Европскиот гигант од 19:00 часот се соочува со Конго, а португалската ѕвезда е на чекор до рушење на голем рекорд.

Роналдо моментално има осум постигнати голови на светските првенства во дресот на Португалија, само еден помалку од легендарниот Еусебио. Тоа значи дека со уште еден погодок може да го преземе првото место на листата на најдобри стрелци на Португалија на Мундијалите.

Во досегашните настапи на светските првенства, Роналдо постигна по еден гол на турнирите во Германија (2006), Јужна Африка (2010), Бразил (2014) и Катар (2022), додека најуспешен беше на Мундијалот во Русија, каде што четири пати ја тресеше противничката мрежа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×