Роналдо донесе победа по гол од пенал кој ја насмеа лигата, па танцуваше како Саудиец (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо донесе победа за Ал Наср против Ал Фајха со два гола (2-1) во Премиер лигата на Саудиска Арабија.

Победоносниот гол падна во 104. минута од натпреварот и дојде по спорен пенал. Поради тоа, реакциите во јавноста се огромни, а фудбалерите кои настапуваат во оваа лига кренаа глас.

Најинтересно е дека еден од оние кои реагираа беше и соиграч на Роналдо од репрезентацијата на Португалија. Станува збор за Рубен Невес кој игра во екипата на ривалот Ал Хилал.

По постигнатиот гол Кристијано Роналдо изведе интересен танц специфичен за Саудиска Арабија, откако од трибина му дофрлија агал, аксесоар кој е многу користен на Блискиот Исток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×