Роналдо потпиша за Ал Наср и погази многу свои зборови кои ги имаше кажано во минатото, но Португалецот немаше многу опции за трансфер.
Тој до последен момент се надевал дека ќе добие повик од Флорентино Перез и ќе потпише барем краток договор со Реал Мадрид, но тоа не се случи.
По завршувањето со настапот на Светското првенство, Роналдо го користеше тренинг ценарот на Реал Мадирд за да ја одржи формата. Со тој потег се надевал дека со тоа што ќе биде поблиску до луѓето од кралскиот клуб, ќе ги натера да размислат за негов ангажман.
Работите не се одвивале како што тој посакува, Флорентино Перез не се предомислил, па Роналдо немајќи многу избор, стави потпис на договор со Ал Наср.
Агентот на Роналдо, Жорж Мендеш се обидел да добие понуди и од ПСЖ и Спортинг, но и тие не биле заинтересирани.
Причина за клубовите да го загубат интересот за Роналдо е неговата ужасна полусезона која кулминираше со интервјуто дадено за Пирс Морган, а финишираше со неговиот лош настап на Светското првенство.
Многу клубови наместо засилување, во Роналдо гледаа потенцијален проблем затоа што и покрај возраста, тој одбива да седи на клупа, а неговото незадоволство може да ја наруши целата атмосфера во соблекувалната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.