Роналдо кој беше суспендиран од Тен Хаг поради недолично однесување, денеска им се врати на натпреварите и го одигра целиот меч против Шериф.
Португалецот погоди за 3-0 во 81. минута од натпреварот.
Претходно, Далот во 44. минута донесе водство за Манчестер јунајтед, а Рашфорд во 65. зголеми на 2-0.
Рома со 2-1 победи на гостувањето кај Хелсинки, тимот на Мурињо во последното коло мора да го победат Лудогорец за да го освојат второто место и да продолжат во Лига Европа.
Абрахам даде еден гол за Рома, а другиот беше автогол на Хосконен по центаршут на Ел Шарави.
Рома и Лудогорец имаат по седум бодови, но бугарскиот тим е во предност бидејќи победи на првиот меч па со реми би бил подобар во меѓусебниот дуел.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.