Романо објасни зошто Роналдо нема да се пресели во Рома

by
1 минути читање

Изминативе
денови, името на Кристијано Роналдо одново е дел од трансфер шпекулациите, Ла
Република пишуваше за изненадувачка преселба на ЦР7 во Рим, Жозе Мурињо сака да го донесе својот сонародник во Рома.

Добро упатениот
новинар Фабрицио Романо вели дека мали се шансите за една ваква зделка поради
високата плата на Португалецот.

„Во моментов
немам нови информации за иднината на Кристијано Роналдо“
– пишува Романо во
својота колумна за „Котофсајд“.

„Неговата плата и
понатаму е огромна за било кој клуб од Италија. Колку што знам, нема никакви
преговори за заминување на Кристијано од Манчестер јунајтед“.

„Ерик тен Хаг
имаше прилично позитивни разговори со него, и во моментов Рома е среќна со Тами
Абрахам, тој е главната ѕвезда во 3-4-2-1 формацијата на Жозе Мурињо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани