Романо ја потврди понудата на Ал Наср за Роналдо и откри што се разгледува сега (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Утринава „Марка“ и уште неколку големи медиуми напишаа дека Ал Наср има луда понуда за Кристијано Роналдо, 200 милиони евра по сезона. Се работи за две и пол годишен договор со вкупна сума од 500 милиони евра.

Оваа информација ја потврди и Фабрицио Романо, но тој вели дека засега Роналдо не донел одлука, тој е комплетно фокусиран на Светското првенство.

Романо вели дека проблем можат да бидат компаниите со кој Роналдо има маркетинг договори. Треба да се види дали тие се сложуваат со тоа Португалецот да се пресели во клуб од Саудиска Арабија.

Доколку некои од нив се заканат со раскинување на соработката, Роналдо треба да си направи пресметка дали сумата која ќе му недостасува од спонзорите ја надминува онаа која му ја нуди Ал Наср. 

Доколку се биде во ред, Роналдо би можел да стави потпис на оваа историска понуда од Ал Наср.

Но, ќе се почека да се види и дали ќе има понуда од некој европски клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани