Мечот меѓу Романија и Косово го одбележа големиот прекин кој настана поради политички скандирања од страна на домашните навивачи.
Романците на трибините скандираа „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“, а кога извадија и транспарент поврзан со таа тема, гостинските фудбалери решија да се повлечат во соблекувалната.
Романија е една од петте земји од Европската унија кои го немаат признаено Косово.
По прекин кој траеше речиси 50 минути, косовските фудбалери конечно беа убедени да го продолжат натпреварот кој се доигра и заврши со победа на домаќините од 2-0.
Резултатот го отвори Станчиу со гол во 83. минута. Истиот играч во 59. минута промаши пенал. Конечните 2-0 ги постави Михаила во 93. минута.
Косово од 42. минута беше со фудбалер помалку поради втор жолт картон на нивната главна ѕвезда, Ведад Муричи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.