Роман Абрамович решил да му даде отказ на Френк Лампард бидејќи бил загрижен за две ѕвезди

by
1 минути читање

Френк Лампард
денеска стана жртвата број 14 во ерата на Роман Абрамович, стратегот доби отказ по
серијата слаби резултати во Премиерлигата.

Според пишувањата
на „Атлетик“, Роман Абрамович решил да се раздели со Френк Лампард бидејќи
стратегот не можел да го извади најдоброто од летните засилувања, особено Тимо
Вернер и Каи Хаверц.

Тимо Вернер, за
кого беа платени околу 48 милиони фунти, има скромен учинок од четири погодока
во Премиерлигата и последен пат ја тресеше мрежата пред повеќе од два месеци,
кога „сините“ со 4-1 славеа над Шефилд јунајтед на почетокот од ноември.

Рекордното
засилување вредно околу 75 милиони фунти, Каи Хаверц пак може да се пофали со
само еден погодок во Премиерлигата. Не помага многу ниту во креирањето шанси за соиграчите, Германецот има само две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×