Рома загуби во Прага, пораз на Ливерпул во Тулуз! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома во Рим ја победи Славија Прага со 2-0, а сега со истиот резултат загуби од овој тим на гостински терен. Двата тима имаат по девет бода и ако ги добијат преостанатите два меча, гол разликата ќе биде таа која ќе решава, а таа засега е на страната на чешкиот тим.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме, Јурецка и Масопуст беа стрелци на головите.

Пораз доживеа и Ливерпул кој со 3-2 загуби на гостувањето кај Тулуз. Домаќќините водеа со 2-0 со голови на Донум и Далинга, во 74. минута Касерес си постигна автогол за намалување на 2-1.

Две минути подоцна Магри ја врати предноста од два гола, Тулуз поведе со 3-1, а Диего Жота во 89. минута погоди за 3-2. Во судиското продолжение Ливерпул се израдува на израмнување, но голот им беше поништен поради игра со рака.

Брајтон со 2-0 славеше на гостувањето кај Ајакс, гостински триумф обезбеди и Баер Леверкузен кај Карабак. Рен со 3-1 го совалда Панатенаикос, ЛАСК со 3-0 убедливо го победи Ројал Унион, Виљареал со 2-1 триумфираше кај Макаби Хаифа, а Сервет со 2-1 беше подобар од Шериф.

×