Рома загуби од Бетис на Олимпико, Арсенал убедлив против Бодо/Глимт (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Брзо по победата над Интер, Рома е спуштена на земја, тимот на Жозе Мурињо загуби од Бетис на свој терен.

Натпреварот беше изедначен, и двете екипи имаа свои шанси за гол, Бетис постигна два и дојде до трите бода.

Рома поведе со гол на Дибала во 34. минута од пенал, но само шест минути подоцна Бетис преку Родригез израмни на 1-1.

Се очекуваше дека ќе нема победник на мечот кога Луис Енрике во 88. минута постигна гол со глава за победа на Бетис од 2-1.

Во судиското продолжение Заниоло доби директен црвен картон.

Арсенал со голови на Нкетиа, Холдинг и Виеира го победи Бодо/Глимт со 3-0.

Во македонскиот дуел Фенербахче со 2-0 го победи тимот на АЕК Ларнака. Алиоски го одигра целиот меч, Тричковски ги одигра последните десет минути.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×