141
Рома дојде до планираните бодови од гостувањето кај Кротоне кој полека но сигурно се збогува со шансите за опстанок иако има уште многу до крајот на сезоната.
Натпреварот за Рома не почна најдобро, во 17. минута Един Џеко промаши удар од белата точка.
Кротоне одолеваше на нападите на фаворитот до 40. минута кога Наинголан постигна гол за водство на Рома од 1-0.
Во 77. минута Џеко се искупи за промашениот пенал, постигна гол и ги постави конечните Кротоне – Рома 0:2.