Рома тешко дека ќе го задржи голманот пред турскиот налет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Миле Свилар би можел да ја напушти Рома и да се пресели во Турција, откако Галатасарај тргна по потписот на најдобриот голман во Серија А за минатата сезона.

Според информациите на „Република“, турскиот шампион веќе испратил богата понуда до српскиот репрезентативец, кој е предвиден како наследник на Фернандо Муслера. Галата нуди плата од шест милиони евра годишно, двојно повеќе од тоа што Свилар го заработува во Рома.

Трансферот засега не е завршен, но интересот е сериозен, а доколку голманот даде зелено светло, ќе следуваат преговори меѓу двата клуба. Свилар има договор со „волчицата“ до 2027 година.

Галатасарај претходно безуспешно се обиде да ги донесе Тер Штеген, Зомер и Ѓорѓе Петровиќ.

Фото: AS Roma/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×