Според италијанските медиуми, Рома сонува да ги соедини Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо кои работеа заедно во Реал Мадрид.
„Ла Република“ тврди дека Португалецот ќе бара нов клуб ова лето, но никој од најголемите европски клубови нема да тргне по него од различни причини, некои поради финансии, други поради тактички замисли на тренерите.
Поради тоа Рома излегува како опција. Клучен би можел да биде агентот Жорж Мендеш кој ги претставува и Роналдо и Мурињо, но е и во одличен однос со Рома.
Рома не настапува во Лигата на шампионите, и тоа може да биде проблем, но од друга страна пак, ниту Манчестер јунајтед нема да игра во најелитното европско натпреварување.
Овие гласини се непотврдени, па не се исклучува можноста да се неточни и Кристијано Роналдо да остане во Манчестер јунајтед и следната сезона. Повеќе ќе се знае во наредните денови.