Рома со убедлива победа над Удинезе се зацврсти на третата позиција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Мурињо беше подобар во текот на целиот меч и заслужено дојде до високата победа.

Во 37. минута Кристанте промаши пенал, ја погоди стативата, но до топката дојде Бове кој ја смести во мрежата на Силвестри за водство на Рома од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме, Белоти асистираше до Пелегрини кој погоди за 2-0.

Во 69. минута Удинезе од пенал можеше да се врати во игра, но Руи Патрисио го одбрани ударот на Переира.

Конечните 3-0 ги постави Абрахам со гол во 91. минута по асистенција од Спинацола.

На осум кола до крајот Рома е на третото место со три бода пред Милан и пет пред Интер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани