Рома со продажба на Верету ќе заработи повеќе отколку што потроши во овој преоден рок досега

by
1 минути читање

Верету денеска ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише договор со Марсеј. Францускиот клуб за овој трансфер на Рома ќе и плати 11 милиони евра плус 4,5 милиони евра во бонуси.

Рома ова лето ги донесе Миле Свилар, Немања Матиќ, Зеки Челик, Пауло Дибала и Џеорџино Вајналдум.

Плати само седум милиони евра за Челик кој пристигна од Лил.

Свилар, Матиќ и Дибала во Рома дојдоа како слободни играчи, а Вајналдум на едногодишна позајмица со опција да биде целосно откупен следното лето.

Големи се шансите да пристигне и Белоти, но и за него нема да плати Рома, бидејќи и тој е слободен играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани