Рома со нов договор планира да ја тргне откупната клаузула на Дибала

by
1 минути читање

Рома работи на тоа да ја тргне откупната клаузула од договорот на Дибала која има трајност до крајот на овој месец.

Челси, Манчестер јунајтед и ПСЖ сакаа да го ангажираат Дибала, но неговиот последен став е дека е среќен во Рома и не планира да замине.

Според „Газета дело Спорт“, Рома ќе му понуди нов, побогат договор на Дибала според кој ќе заработува повеќе од 6 милиони евра по сезона плус бонуси. Во новиот договор ќе нема откупна клаузула, барем не со толку ниска сума.

При потпишувањето на првиот договор со Дибала, Рома беше принудена да стави толку ниска откупна клаузула со цел да го привлече фудбалерот на Олимпико и да ја победи конкуренцијата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани