Во Ливерпул блескаше, но Вајналдум не се снајде во ПСЖ, новиот тренер не смета на него, па тој не е ни дел од подготовките.
Вајналдум сака трансфер во Рома, тоа се гледа и од неговите активности на социјалните мрежи каде лајкуваше постови поврзани со трансферот на Дибала.
Сопствениците на Рома имаат одличен однос со бордот на ПСЖ, а одличен е и односот на Жозе Мурињо со новиот оперативец за трансфери на францускиот клуб, Луис Кампос, тие се долгогодишни пријатели.
Ваквите конекции може да влијаат за позитивен исход на зделката.
А формулата по која Рома сака да го донесе Вајналдум е едногодишна позајмица со можност за откуп од 15-20 милиони евра. Додека играчот е на позајмица неговата плата по половина ќе биде исплаќана од двата клуба.