Рома се договорила со Тотнем за продажба на Заниоло, но тогаш на сцена стапил Мурињо

by
1 минути читање

Италијанскиот весник тврди дека Рома и Тотнем си подале рака за едногодишна позајмица на Заниоло со обврска да биде откупен за 50 милиони евра.

Заниоло се договорил со англискиот клуб за плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Но, тогаш на сцена стапил Жозе Мурињо и го блокирал трансферот, рекол дека не сака Заниоло да замине бидејќи му е еден од клучните играчи во тимот.

Заниоло и самиот се предомислил од пасијата на навивачите кои ја покажаа кон него за време на мечот со Шахтар на Олимпико во неделата.

Рома потоа му се јавила на Тотнем и му кажала дека ситуацијата се променила и дека тие би прифатиле само понуда од 50 милиони евра кои веднаш би биле платени, без позајмици или рати.

Тотнем не се откажува и како дел од следната понуда е подготвен да го понуди и Ндомбеле.

Тие би ја зголемиле и понудата за Заниоло на 5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани