Рома се договори со Скамака, се чека зелено светло од Вест Хем

by
1 минути читање

Џанлука Скамака треба да биде замената за Тами Абрахам кој поради повреда ќе го пропушти најголемиот дел од сезоната.

Според „Калчомеркато“, Рома постигнала договор со Скамака за личните услови на фудбалерот.

Преговорите со Вест Хем не одат лесно, но се очекува да завршат позитивно.

Директорот на Рома, Тиаго Пинто ќе отпатува во Лондон каде ќе се сретне со претставниците на Вест Хем да го финализираат договорот.

Се верува дека Рома ќе плати 4-5 милиони евра за едногодишна позајмица со опција да го откупи по крајот на сезоната за сума од 22 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани