Рома преговара со ПСЖ за ангажман на Марко Верати!

by
1 минути читање

30-годишниот Верати има договор со ПСЖ до јуни 2026 година, но последната сезона не ја одигра најдобро па веќе не е меѓу недопирливите.

Рома е во преговори за ангажман на Верати на позајмица со опција да го откупи по крајот од сезоната.

Тоа за Италијанецот би било деби во Серија А бидејќи тој во Италија има играно само во Серија Б, во тимот на Пескара од каде за 12 милиони евра се пресели во ПСЖ во 2012 година.

Рома веќе имаше слична соработка со ПСЖ кога го донесе Вајналдум, сепак римската волчица во овој случај се одлучи да не ја искористи опцијата за откуп бидејќи Холанѓанецот не се покажа во најдобро светло откако во поголемиот дел од сезоната не ни играше поради повреда.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани