Интер ја продолжи неверојатната серија на меѓусебни дуели со Рома во кои секогаш победува гостинот. „Нероаѕурите“ вечерва славеа на „Олимпико“ со 1-0 и го презедоа врвот на табелата во Серија А.
Избраниците на Кристијан Киву поведоа уште во шестата минута, кога летното засилување Бони ја искористи лошата офсајд стапица на домашната одбрана, излезе сам пред Свилар и сигурно погоди за 0-1.
Рома имаше иницијатива во второто полувреме и неколку одлични шанси преку Дибала, Челик и Довбик, но сите останаа нереализирани. Зомер неколку пати блесна со важни интервенции и го сочува минималното водство.
Интер до крајот без поголеми проблеми ја контролираше играта и заслужено го освои целиот плен. Со оваа победа тимот од Милано се израмни со Рома и Наполи на врвот со по 15 бодови.