177
Њукасл се обидува да дојде до услугите на Пелегрини, но засега Рома одолева на понудите иако тие се високи.
Првата понуда на англискиот клуб била 50 милиони фунти, Рома ја одбила. Се верува дека Њукасл наскоро ќе испрати поголема понуда.
Пелегрини е капитен на Рома и клучен фудбалер во составот на Жозе Мурињо, па доколку проектот на волчицата е сериозен, тие нема да го продадат својот фудбалер кој минатата сезона потпиша нов договор.