Рома не ги загуби само бодовите од Аталанта, загуби и двајца важни фудбалери

by
1 минути читање

Рома синоќа со 3-1 загуби на гостувањето кај Аталанта во Бергамо, а уште полошо за нив е што се повредија Љоренте и Дибала.

Дибала оваа сезона е убедливо најзначајниот фудбалер на Рома, но се прогнозира дека ќе биде во аут неколку недели откако заработи повреда на левиот зглоб по еден опасен старт на Паломино.

Повреда заработи и дефанзивецот Љоренте, кој во последно време играше одлично, а особено во овој период беше значаен бидејќи Мурињо претходно го загуби Крис Смолинг кој не е во комбинација.

Рома има пет повредени фудбалери во моментов и тоа сите се значајни, Дибала, Љоренте, Смолинг, Вајналдум и Карсдроп.

Дуелот меѓу Рома и Милан се игра во сабота со почеток од 18 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×