Дибала доби силен удар во коленото во текот на првото полувреме, тој го напушти теренот во 37. минута од натпреварот.
Аргентинецот е најдобриот фудбалер на Рома, тимот со него и без него е различен, па навивачите стравуваа дека ќе го изгубат на подолго време.
Најцрните сценарија беа дека може да бидат повредени лигаментите, други прогнози беа дека можеби се работи за повреда поради која месец-два ќе биде во аут.
Сепак, последните информации велат дека повредата не е сериозна, нема да биде потребна никаква операција, само мирување во наредните денови.
Дибала ќе ја искористи репрезентативната пауза за рехабилитација, а се очекува да го пропушти и натпреварот против Монца кој се игра на 22 октомври.
Целта е да биде подготвен за дербито против Интер на 29. октомври.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.