Директорот на Рома, Тиаго Пинто треба во Лондон да го финишира трансферот на Скамака кој веќе е речиси договорен.
Фудбалерот треба да потпише на позајмица за Рома со опција да биде целосно откупен следното лето.
Но и покрај тоа што ќе ангажираат напаѓач, Рома нема да се откаже ниту од Мората. Мурињо сака да има што е можно поширок ростер.
Рома веќе постигна договор за личните услови со Мората, но неизвесно е дали ќе успее да се договори со Атлетико Мадрид.
Римскиот клуб се надева дека ќе ги продаде Роџер Ибањез и Рик Карсдроп во наредите денови со цел да собере средства за ангажман на Мората.
До крајот на преодниот рок Рома би требало да го засили и средниот ред со Ренато Санчез.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.