Можеби се ќе беше поинаку доколку Абрахам донесеше водство за Рома рано во натпреварот, но тој пропушти неверојатна шанса промашувајќи празен гол.
Казната стигна во 27. минута кога Давидович постигна гол за водство на Верона од 1-0.
Само девет минути подоцна истиот фудбалер стартуваше со отворен ѓон врз Заниоло и заработи директен црвен картон. Верона остана со фудбалер помалку.
Рома успеа да дојде до израмнување пред крајот на првото полувреме. Абрахам повторно погоди статива, но овојпат топката дојде до Заниоло кој го постигна својот прв гол оваа сезона и изедначи на 1-1.
Во второто полувреме и покрај тоа што имаше фудбалер повеќе, Рома се мачеше да даде втор гол, тешко создаваше шанси, една голема пропушти Матиќ кој со удар со глава ја погоди пречката.
Конечно во 88. минута, Матиќ асистираше до 18-годишниот Волпато кој постигна гол за комплетен пресврт и водство на Рома од 2-1.
Во судиското продолжение Волпато запиша и асистенција, му додаде на Ел Шарави кој реализираше за конечна победа на Рома од 3-1.
Ова беше седми пораз по ред за Верона која е на претпоследната позиција на табелата, Рома со овој триумф е на четвртото место, со бод повеќе од Лацио со кого игра во следното коло.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.