Рома ја одреди цената за Заниоло

by
1 минути читање

Рома е подготвена да го продаде Заниоло, но само за висока понуда. Информациите велат дека тие веќе ја одредиле цената, нема да прифатат понуда помала од 60-65 милиони евра.

Тоа е сума која веројатно нема да ја понудат ниту Јувентус, ниту Милан ова лето. Двата клуба се обидуваат да го намалат обесштетувањето со додавање на некој свјој фудбалер во зделката, но засега не им оди.

Понуда каква што бара Рома може да стигне само од некој клуб надвор од Италија, но севкупно Заниоло немаше некоја посебна сезона за некој да инвестира толку пари во него.

Се очекува тој да остане во Рома и следната сезона, но нејасно е дали ќе стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани