Рома има шопинг листа со тројца големи напаѓачи, некој од нив ќе пристигне на Олимпико

by
2 минути читање

Мурињо имаше состанок со газдите на Рома по што е решено да остане во клубот и во наредната сезона. Португалецот веројатно добил гаранции дека тимот ќе му биде значително посилен од тој што беше во оваа сезоната која заврши.

Останува и Дибала, Аргентинецот изјави дека има уште две години од договорот со Рома и не размислува за заминување.

Иако не даде ниту еден гол во Серија А, Белоти доби автоматско продолжување на договорот со Рома до 2025 година поради бројот на настапи. 

Проблем за Рома настана со повредата на Абрахам во последното коло, напаѓачот скина лигаменти на колено, а тоа значи дека ниту може да биде продаден, а ниту ќе може да игра до март.

Приоритет на Рома ќе биде да купи напаѓач кој ќе може да има сериозно влијание на тимот. На листата се тројца, Ромелу Лукаку, Мауро Икарди и Алваро Мората. Еден од нив се очекува да пристигне на Олимпико.

За Ромелу Лукаку да потпише за Рома, тоа би требало да биде позајмица, но нејасно е дали Челси би дал зелено светло за една таква опција и под кои услови би било тоа.

Икарди во изминатата сезона играше на позајмица од ПСЖ во Галатасарај, постигна 23 голови во 26 настапи и беше еден од најзаслужните за титулата. Напаѓачот сака да се врати во Серија А. Се верува дека односите меѓу Рома и ПСЖ се одлични и тоа може да биде пресудно за да се случи трансферот.

Третиот на листата е Алваро Мората кој би можел да се врати во Серија А. Тој во два наврати играше за Јувентус и се покажа како одлична опција за нив.

Од останатите трансфер активности на Рома, познато е дека Крис Смолинг наскоро ќе стави потпис на нов договор, Роџер Ибањез би можел да биде продаден, а можно е да си замине и Спинацола.

Љоренте кој се покажа како одлично засилување, би можел да остане во Рома само доколку Лидс ја спушти сумата која ја бара за перманентен трансфер, а таа изнесува 18 милиони фунти.

Сигурно е дека Вајналдум се враќа во ПСЖ, неговиот престој во Рома нема да биде продолжен. Ел Шарави ќе стави потпис на нов договор. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×