Рома и Аргентина ќе мора да почекаат, прегледите на Дибала се закажани за утре

by
1 минути читање

Дибала заработи повреда на вчерашниот меч против Лече. Изведе пенал, даде гол и се фати за бутниот мускул. Аргентинецот почувствува болка и веднаш го напушти теренот.

Мурињо синоќа рече дека веројатно Дибала нема да може да се врати на теренот оваа година, но утрово прогнозите се пооптимистички иако ќе мора да се почека до утре за да се утврди точната дијагноза.

Се работи за повреда на левиот квадрицеп. Доколку е повреда од прв степен, тоа ќе значи дека Дибала ќе биде неколку недели во аут, но ќе биде навреме подготвен за Светското првенство. Доколку биде повреда од втор степен, тој би бил отсутен повеќе од еден месец и неговиот настап во Катар би бил крајно неизвесен.

Колку точно ќе му треба за да се опорави од повредата ќе се знае утре откако ќе бидат направени тестовите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×