Рома со денешниот триумф над Емполи покажа дека капацитетот им е многу поголем од резултатите во првите три кола. Тоа е друг тим кога е комплетен иако и овојпат имаше некои важни играчи кои се отсутни поради повреди како Смолинг и Пелегрини.
Во 32. секунда од мечот Емполи направи пенал, Валукевич играше со рака, судијата покажа на белата точка. Дибала погоди за водство на Рома од 1-0.
Во осмата минута веќе беше 2-0. Тоа беше гол со глава на новото засилување Ренато Санчез кој по едно двојно проигрување со Кристенсен погоди за зголемување на предноста.
Течеше 35. минута кога несмасните одбрамбени фудбалери на Емполи си постигнаа автогол за предност на Рома и од 3-0. Веќе немаше дилеми околу победникот.
По десет минути игра во вториот дел Дибала постигна мајсторски гол и го зголеми водството на 4-0.
Петардата беше испукана во 80. минута кога Кристанте постигна фантастичен погодок од далечина по асистенција од Белоти.
Само две минути подоцна нова асистенција на Белоти, овојпат го проигра Лукаку кој даде гол за 6-0. Тоа беше гол првенец и за Белгиецот во дресот на волчицата.
Конечните 7-0 ги постави Џанлука Манчини кој погоди по една фантастична асистенција на Кристанте со пета.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.