Рома го победи Тотнем, прв меч за Дибала во дресот на волчицата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо и Антонио Конте со своите тимови се бореа како мечот да е првенствен, максимално сериозно со неколку инциденти на теренот.

Пауло Дибала беше стартер и одигра 60 минути, првите за него во дресот на Рома.

Единствениот гол се случи во 29. минута кога токму по асистенција на Дибала од корнер, Ибањез постигна гол за водство на Рома од 1-0 кое значеше и победа.

До крајот на мечот Рома го контролираше натпреварот, Тотнем не направи речиси ништо, Кејн и Сон беа невидливи. Играта на Спарс ја раздвижи Ришарлисон кога влезе во игра, но ниту тоа не беше доволно да се избегне поразот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×