Рома го доби дербито со Наполи, Елмас остана на клупа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи трет меч по ред во Серија А не знае за победа, овој пат екипата на Карло Анчелоти загуби на гостувањето кај Рома.

Натпреварот почна лошо за Наполи, Заниоло уште во 19. минута даде гол за водство на Рома од 1-0.

По само седум минути игра беше досуден пенал за Рома, но ударот од белата точка не го реализираше Коларов, Мерет го одбрани неговиот удар.

Во финишот од мечот Наполи имаше голема шанса да изедначи, но Милик ја погоди пречката, а веднаш потоа Зиелински биеше во стативата.

По десет минути игра во вториот дел Вертоу од пенал го зголеми водството на Рома од 2-0.

Во 72. минута Милик намали на 2-1, но Наполи не направи ништо повеќе од тоа до крајот на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×