Рохо имал жестока расправија со Солшер: Ми рече дека Мегваер мора да игра зошто биле платени многу пари!

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед плати рекордни 80 милиони фунти за да го ангажира Хари Мегваер, но
многумина сметаат дека зделката е големо промашување, дефанзивецот не ги
оправдува очекувањата и често прави киксови.

Поранешниот
дефанзивец на „ѓаволите“, Маркос Рохо сега откри разговор со Оле Гунар Солшер
кој сигурно нема да им се допадне на навивачите.

„Еден ден влегов
во канцеларијата на Солшер и побарав да ми дозволи да заминам или да почне
почесто да ме става во првиот состав, а тој ми кажа дека Мегваер морал да игра.
Морал да игра бидејќи биле платени многу пари за него. Мегваер уште тогаш
правеше големи киксови, па му реков на Солшер, „Ку*вин сине, пуштиме да играм бидејќи човеков прави огромни грешки секој натпревар““
– раскажува
Аргентинецот.

„Фала му на Бога
што повеќе не е во стартниот состав“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×