Њукасл тргна во
офанзива по потписот на Џејмс Медисон од Лестер, првата понуда од 40 милиони
фунти беше експресно одбиена, но се говори дека клубот од Сент Џејмс Парк
наскорo ќе достави нов предлог вреден 50 милиони фунти, што ќе биде клупски рекорд.
По синоќешниот тест
натпревар против Севиља, Бренд Роџерс ги прокоментира гласините и рече дека
понудата на Њукасл не е доволна ниту за левата нога на Англичанецот.
„Нема ништо,
Џејмс Медисон е наш фудбалер. Видете, постои голем интерес за нашите фудбалери
бидејќи тие се големи таленти. Од перформансите кои денеска ги прикажа Џејмс
Медисон можете да видите колку тој е среќен“ – вели тренерот на Лестер.
„Не сум јас тој
кој треба да одредува цена на некој фудбалер, но милионите кои ги понуди
Њукасал се доволни само за три четвртини од неговата лева нога“.
„Џејмс Медисон е
топ фудбалер“.