Роџерс ги „поздрави“ Гвардиола и Лампард: Чилвел не е на продажба, едноставно е…

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Лестер, Брендон Роџерс отворено им порача на ривалите од
Премиерлигата како Манчестер Сити и Челси дека бекот Бен Чилвел не е на
продажба.

Челси и Лестер
водат директна трка за позициите кои водат во Лигата на шампионите за идната
сезона, впрочем обата клуба во моментов ги имаат истите, меѓутоа имаат голем
ривал во Манчестер јунајтед, Роџерс запрашан конкретно за иднината на Чилвел,
наведе дека клубот финансиски е повеќе од стабилен да одбие понуди за
најдобрите фудбалери во својот тим.

Не сум сигурен,
тој е фудбалер на Лестер, а воедно и фудбалер кого ние не сакаме да го
загубиме, така јас сум целосно релаксиран по тоа прашање
“ рече Роџерс на
прашањето дали Чилвел ќе игра повторно во дресот на Лестер, инаку во моментов е
повреден.

Не сум воопшто
загрижен по тоа прашање, имаме фантастичен состав кој сакаме да го задржиме во
целост, не сум загрижен, не постои никаква интенција да се продаде Чилвел, а
воедно немаме ни потреба од такво нешто, во случај да е потребно да се испрати
некаква порака по ова прашање, тогаш пораката би била дека тој не е на
продажба, едноставно е…
“ додаде Роџерс.

Лестер претходно
имаше одлични преговори со Манчестер јунајтед каде успеа да придобие
неверојатни 80 милиони фунти од продажбата на Хари Мегваер, меѓутоа очигледно е
дека ситуацијата со Чилвел е мошне поинаква.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×