Родриго ги прокоментира гласините за трансфер во Манчестер Сити по триумфот на Вембли

by bojan
1 минути читање
Родриго

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго вели дека не го интересираат трансфер гласините и порача дека останува на „Сантијаго Бернабеу“.

Името на Родриго изминативе денови беше една од топ темите во трансфер шпекулациите. Со пристигнувањето на Килијан Мбапе и Ендрик, ќе има голема конкуренција во форот на Реал Мадрид, па се говорше дека Бразилецот би можел да го напушти „Бернабеу“.

Гласините само се подгреаја со една изјава на Родриго, во која напаѓачот го фалеше Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.

Сепак, самиот фудбалер сега ја појасни ситуацијата и порача дека останува во Реал Мадрид.

„Оваа недела имаше написи за понуди, клубови, интерес… Не знам ништо за ова, и воопшто не ме интересираат овие работи“ – рече Родриго по триумфот над Борусија Дортмунд во финалето во Лигата на шампиони.

„Дури и да има некаква понуда, јас не знам ништо за тоа… Можам само да кажам дека останувам, многу сум среќен тука“.

„Зошто би го напуштил Реал мадрид?!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани